Промени тема
Контакт

Мицкоски: На Петков личната кариера му е пред европските вредности

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Ако ја анализираме оваа последна изјава на Петков за „Политико“, доаѓам до еден заклучок дека станува збор за политичар кој не е храбар. Зошто ова го кажувам? Затоа што ако неговата политичка кариера е пред интересот да има добрососедски односи со неговиот западен сосед кој што многу одамна требаше да ги започне преговорите со Европската Унија бидејќи народот тоа го заслужи, а не оваа влада која што е сега, тогаш тоа е нечесно, лицемерно и во најмала рака можам да констатирам дека станува збор за човек кој не е храбар, кој што неговиот кариеризам е пред европските вредности, и тоа за мене е разочарувачки, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Македонското радио.

— реклама —

Мицкоски истакна дека врз основа на информации со кои располага доколку целосно или делови од Резолуцијата која беше усвоена од Бугарскиот парламент во ноември 2019та година, а потврдена од бугарската влада не влезат во тој документ кој евентуално би се потпишал од македонската страна или би бил дел од преговарачката рамка во пред пристапните преговори, тогаш Македонија не би добила зелено светло за отпочнување на преговорите.

— реклама —
— реклама —

Мојот став е дека врз основа на анализите и информациите со кои што јас располагам се додека целосно или делови од Резолуцијата на Бугарскиот парламент усвоена во ноември 2019тата година и потврдена од Бугарската влада не влезе директно во тој документ кој што евентуално ние би го потпишеме, или да биде дел од преговарачката рамка во пред пристапните преговори, ние нема да добиеме отворена рамка, односно нема да добиеме зелено светло за започнување на преговорите. Тоа впрочем го говори и изјавата на ново избраниот бугарски премиер Петков кој што вели дека ние нема да ги напуштиме позициите кои што се поврзани со разликите кои што ги имаме за историските прашања. Овој харвардовец кој што беше најавуван како либерален политичар, кој што беше најавуван како политичар од страна на нашите политичари тука претседателот Пендаровски, Зоран Заев и останатите дека имал би рекол полиберални позиции во однос на прашањето со Македонија, гледаме дека не само што се конзервативни, и не само што се регресивни, туку тој го потврдува оној концепт познат како живковизам на негирање на македонската нација, македонскиот јазик, па дури и во одредена мерка на македонската држава, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања