Промени тема
Контакт

Мицкоски: На православните христијани им посакувам здравје и среќа, а другото ќе го направиме ние самите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-19.01.2022

Бог се јави, навистина се јави! На сите православни христијани да им го честитам празникот и да им посакам се разбира здравје пред се и среќа, а другото ќе го направиме ние самите. Истото ќе им го посакам и на сите наши сограѓани кои што не се православни христијани да бидат здрави, да бидат среќни, а другото сите заедно ќе го направиме, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД пандемијата. Година во која што за жал имавме голем предизвик во економијата, во образованието, имавме многу политички предизвици. Година во која што народот одлучи да оваа власт која што четири години буквално не спроведе никаква реформа да ја прати во опозиција. Но за жал поради политичка некултура и постизборни математики се уште продолжува агонијата.

— реклама —
— реклама —

Но, ние денеска нема да зборуваме за политика, ќе зборуваме за тоа кое што граѓаните се интересираат, а тоа е како понатаму. Јас се надевам и верувам дека народот ќе ја добие онаа Влада која што ја бараат и за која што ќе гласа, Влада која што ќе е на народот и на граѓаните на Македонија.

— реклама —

Затоа уште еднаш на крај во мојата изјава ќе им посакам здравје, среќа и успех на сите наши граѓани, и на православните христијани но и на останатите“, вели тој

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања