Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски на средба со амбасадорката на Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika-1

Денес (8 декември, 2021 година) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николoски оствари средба со г-ѓа Анке Холштајн, амбасадорка на СР Германија.

— реклама —

На средбата се разговараше за актуелната општествено политичко состојба, за економските предизвици и интеграциите на државата во Европската Унија и прашањето со Бугарија.

— реклама —

Претседателот Мицкоски на средбата ја истакна својата загриженост за економската состојба и енергетската криза чии последици од неадекватното управување на политиките се крши на грбот на граѓаните.

— реклама —

Тој подвлече дека владата нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и дека недостатокот на кредибилитет за носење одлуки ја наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од кризата и ресетирање на општеството.

— реклама —

Претседателот Мицкоски ја потврди заложбата државата да добие датум за преговори и покрај фактот што Владата не испорача резултати во борбата со криминалот и корупцијата. Македонија не смее повеќе да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и да биде жртва на спорот со Бугарија создаден во време на оваа влада. Тој подвлече дека секое решение на тој спор треба да биде во рамките на усвоената резолуција во македонското собрание која беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ а прифатена од парламентарното мнозинство и која во себе ги соддржи црвените линии на македонската држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања