Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Над 50 случаи на висока корупција се во постапка, украденото мора да се врати кај народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Денес ја одржуваме конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, тело кое не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно застанува цврсто, системски и бескомпромисно против криминалот и корупцијата, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

„Оваа Влада ја започна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментов повеќе од 50 предмети за висока корупција се во постапка, случаи кои со години биле затскриени, одложувани или игнорирани. Но ова не е крај, туку почеток. Очекуваме отворање на нови случаи, темелни истраги и резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државата и институциите.

 Јасно и гласно сакам да порачам: Нема селективна правда. Нема заштитени. Нема недопирливи.

— реклама —

 За таа борба да биде успешна, потребно е јакнење на судството и обвинителството, институционално, кадровски и функционално. Само силно, независно и професионално судство и обвинителство можат да ја изнесат оваа борба до крај и да обезбедат правдата да не биде спора, ниту селективна, туку ефикасна и правична.

 Јас сум за засилени мерки во борбата против корупцијата. Но борбата не завршува со кривична постапка. Борбата мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот. Затоа што криминалот не смее да се исплати.

 Украденото мора да се врати кај народот.

 Токму затоа ги воспоставуваме овие механизми и токму затоа денес го конституираме овој Совет. Конфискацијата на незаконски стекнатиот имот и имотната корист не е едноставен чекор, таа е повеќедимензионален и комплексен процес, кој опфаќа повеќе фази, меѓусебно поврзани и условени, во кои се вклучени повеќе институции со јасно дефинирани надлежности и одговорности.

— реклама —

 Следејќи ги фазите на постапката за поврат на имот, Стратегијата за периодот 2025 – 2028 година јасно ги дефинира трите приоритетни области на дејствување:

 Прво, пронаоѓање, идентификување и следење на незаконски стекнатиот имот и имотната корист, не само во земјата, туку и надвор од неа, преку меѓународна соработка и современи финансиски истражни механизми.

 Второ, привремено обезбедување и конфискација на имот и имотна корист, брзо, ефикасно и во согласност со законот, без простор за манипулации, одолговлекувања или злоупотреби.

— реклама —

 И трето, ефикасно управување со одземениот и конфискуваниот имот, вклучително и неговата повторна употреба за социјални цели, затоа што одземениот криминален имот мора да добие нова, општествено корисна вредност и да се врати во служба на граѓаните.

 Овој Совет, под водство на потпретседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, има клучна улога во координацијата, надзорот и стратешкото насочување на сите овие процеси. Очекувам од вас професионалност, храброст и интегритет, но пред сè резултати.

 Денес поставуваме темели на систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединци.

 Ова е борба за правна држава.

— реклама —

 Ова е борба за доверба.

 Ова е борба за достоинството на граѓаните.

 И во таа борба, нема да отстапиме“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања