Мицкоски: Наќе Чулев е избркан од работа од страна на овој хибриден режим кој не може да се соочи со неистомислениц

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
culev

Ние сме навикнати четири и пол години, колку што сум јас претседател, ова да се случува. Тие се пресметуваат со мене, индиректно се пресметуваат на ваков начин брутален, со луѓето кои што соработуваат со мене и со луѓето кои што се дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски од Гевгелија каде што присуствуваше на пуштање во употреба на спортско игралиште во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, каде беше запрашан за коментар за бркањето од работа на Наќе Чулев по 25 години професионална служба во безбедносниот систем на државата.

— реклама —

„Ова не е нешто ново, бидејќи сите знаете дека станува збор за врвен професионалец кој што 25 години работи во безбедносниот систем, извршувал врвни функции, врвни државни функции, сега е избркан од страна на овој, според некој бирократи во Брисел, проевропски режим, но според меродавните ранг листи, хибриден режим кој што не може да се соочи со неистомисленици и посегнува вака брутално по нивното лично и човечко достоинство“, рече Мицкоски.

Но, додава Мицкоски, мојата порака и до нив е дека, поминува времето, познавав јас и во минатото многу вака луѓе кои што се силеа, па потоа беа мачени, ќе дојде и тој ден кога повторно ќе се соочиме, повторно ќе се видиме и тогаш ќе мораме да дадеме одговори на многу прашања, а ние ќе го издржиме ова.

— реклама —

Мицкоски истакна дека Наќе Чулев ја има неговата целосна поддршка и дека е исклучително важна алка во партијата, кој од сега ќе биде уште по посветен во структурата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наќе Чулев ја има мојата целосна поддршка, Наќе Чулев е исклучително важна алка во структурата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ќе биде многу по посветен во делот и околу мене и во структурата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не остава ниту еден свој човек. Наќе Чулев ќе биде дел и продолжува да биде дел од ВМРО-ДПМНЕ, да се бори за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања