„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски: Народот е жеден за правда, новиот јавен обвинител мора да ги извади пријавите од фиоките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-library662uuunae6re85bUyhZ

Враќање на довербата во институцијата Јавно обвинителство, темелна и напорна работа и сериозно постапување по над сто кривични пријави кои, како што рече, со месеци и години стојат во фиоките на Обвинителството, се клучните очекувања што премиерот Христијан Мицкоски ги има од новиот државен јавен обвинител. Тој ова го истакна одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека граѓаните со право се „жедни и гладни за правда“ и дека токму борбата за правда претставува суштинската реформа што мора да се спроведе, а не, како што рече, зголемување на платите или буџетите за обвинителите и судиите.

Според информациите со кои располага, процедурата за избор на нов државен јавен обвинител не би требало да трае повеќе од еден и пол до два месеца. Тој изрази очекување во тој период да биде избран нов обвинител кој веднаш ќе се зафати со сериозна работа, бидејќи, како што рече, го чека огромен обем на нерешени предмети.

— реклама —

Премиерот посочи дека во изминатата година и пол, според неформални разговори со колеги од Владата и од институциите, постоела појава каде што институциите поднесувале кривични пријави, а Обвинителството не постапувало по нив. Станува збор, како што наведе, за можеби неколку стотици случаи.

Тој додаде дека фактот што Владата не прави јавна естрада, не врши спектакуларни апсења и не снима упади во домови, не значи дека пријавите не се поднесени. Напротив, тие постојат, но не добиле судска разрешница.

Мицкоски оцени дека негодувањето на граѓаните е разбирливо, бидејќи тие со право прашуваат зошто, и покрај најавите за борба против криминалот, нема видлива реализација. Одговорот, според него, лежи во фактот дека голем број пријави сè уште не се процесуирани.

Премиерот истакна дека Владата не е судска власт ниту обвинителство и дека нејзината улога завршува со поднесување на кривичните пријави, по што надлежноста ја преземаат обвинителите и судиите. Затоа, како што рече, првата и основна задача на новиот јавен обвинител мора да биде враќањето на довербата во Обвинителството, а потоа и во судството во целина.

Тој нагласи дека без силна правна држава нема успех на ниту едно друго поле – ниту инвестиции, ниту економски раст, ниту нови работни места и повисоки плати. Во тој контекст потсети дека во наредниот период пред Собранието ќе се најде значаен сет закони од реформската агенда, дел од кои веќе го поминале филтерот на Венецијанската комисија.

Меѓу нив се законот за Судскиот совет, кој веќе е во собраниска процедура, како и законите за Советот на јавни обвинители, за Јавното обвинителство и за судската служба, за кои очекува да бидат разгледани во јануари.

Мицкоски уште еднаш потенцираше дека Владата излегла во пресрет на барањата на јавните обвинители и судиите, дозволувајќи плановите за вработување и унапредување да ги одобруваат Советот на јавни обвинители и Судскиот совет. Дополнително, како што рече, дадена е насока за мапирање на потребите од кадар во судовите и обвинителствата, особено за ИТ-експерти, сметководители и технички персонал, со цел да се обезбедат соодветни средства преку Буџетот и ребалансот.

„Сè што побараа од нас, го направивме“, заклучи премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања