Промени тема
Контакт

Мицкоски: Не делам Македонци, Албанци, туку сум против да крадат на грбот на народот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski03022022.jpg

- Мене ми пречи тоа што кога до мене ќе дојде информација дека постои основано сомнение дека се дели рекетот помеѓу Ковачевски и Крешник, тоа ми пречи, не ми пречи што има министер Албанец, пратеник или директор. Ми пречи, кога ќе дознаам дека земаат рекет од бизнисмените, и за кој постои основано сомнение дека го делат. Тоа кога ќе го нема, тогаш можеме да зборуваме. Инаку, што се однесува до албанофобијата која што вие ја кажувате и која што тие се обидуваат перцептивно да ја наметнат – тоа е уште еден начин да практично на местото на чесните луѓе, без разлика дали се тоа Македонци или Албанци, останат луѓе кои што ќе делат рекет на тие позиции таму каде што се а потоа тој рекет ќе го дистрибуираат во централата. – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во своето гостување вечерва во ,,Само интервју” на Канал 5 телевизија.

— реклама —

Тој додаде дека и понатаму ќе биде против тоа затоа има сведочења од бизнисмени кои се жртва на ваквото однесување на функционерите на ДУИ. Рече и дека нема проблем и дека можеби тој е првиот политичар во Македонија кој понудил да има Албанец премиер, а не е Албанец.

— реклама —
— реклама —

- Како може јас да бидам албанофоб? Таа теза, додека ја пласираат преку илјадници клонови портали каде што никој жив не одговара бидејќи не знаете кој е вистинскиот сопственик, има за цел да го затскрие мазутот, ископот, струјата, вакцините каде што се делат сериозни профити меѓу СДСМ и ДУИ. Тоа е суштината, братска е делбата, е против тоа сум. – кажа Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања