Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски не повикува граѓаните да се вакцинираат, сметаат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zaev-3

„За СДСМ како одговорна партија, највисок приоритет е здравјето на граѓаните. Постојано апелираме до граѓаните да се пријават за вакцинација и да ги почитуваат мерките за заштита, за да успееме заеднички да ја победиме пандемијата со коронавирусот“, соопштува СДСМ.

„Повици за вакцинација стигнуваат и од јавни личности, од политичари и лидери на политички партии… единствено Христијан Мицкоски не повикува и не ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат.

— реклама —

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои од прв ден на пандемијата ги кршеа мерките за заштита, блокираа изградба на модуларни болници, се потсмеваа на болните од коронавирусот.

— реклама —

Денес кога масовната имунизација е полн ек, наместо да повикаат граѓаните да се вакцинираат, тие поддржуваат антиваксерски протести со кои му се наштетува на здравствениот систем.

— реклама —

Додека сите се насочени во борба против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе останат запаметени дека наместо на страната на јавното здравје, биле на страна на вирусот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања