Мицкоски нека го повика Груевски да одговара и да ги врати двете милијарди евра што ги украде, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
mickoski-gruevski-141412

За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата, Мицкоски прво мора да се уапси самиот себе и своите најблиски. Мицкоски ги стави во свои канџи речиси сите институции, судството, обвинителството, и не само што му се под контрола туку им дели и задачи од собраниската говорница, вели СДСМ.

— реклама —

„За да ја докаже својата „желба“ за борба против криминалот и корупцијата, самиот нека се упаси!

— реклама —

Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на главниот.

— реклама —

Нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност за криминалните тендери: 161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма преку општините, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта...

Мицкоски нека го повика Груевски да се врати во Македонија, да одговара и да ги врати двете милијарди евра што ги украде.

Зошто не инсистира неговиот личен пријател Орбан да го депортира оној што украде најмногу од граѓаните на Македонија – неговиот учител?

Зошто нема одговори од каде поминала дрогата од 5 тони преку границата, за скапите часовници, за фотографиите со киминалецот Симо?

Дали вака изгледа „борба“ против корупцијата и криминалот?

Не, ова е слика на криминалот и корупцијата во власта.

Македонија го има својот Мадуро“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања