Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Нема да ги коментирам некрофилските изјави на СДСМ, наследивме катастрофална состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_5254

„Многу е важно да се зборува со факти. Во политиката фактите се многу важни, тие ја креираат перцепцијата и тоа е она што е важно за граѓаните. Владата која што јас ја предводам имаше прв работен ден 24ти Јуни. Првиот посериозен пожар на планината Серта беше на 10 јули. Од прилика до 17 денови, како беше мојот прв работен ден. Каква беше тогаш фактичката состојба? Фактичката состојба беше следна. Хеликоптерите, кои што се користат при вакви кризни состојби, беа на сервис. Воздухопловите, авионите, беа приземени поради дефект. А пилотите кои што треба да ги управуваат, беа во пензија, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за обвинувањата од СДСМ за пожарите.“

— реклама —

Премиерот Мицкоски истакна дека наследил катастрофална состојба, односно од ниту еден хеликоптер за гаснење на пожарите, без човечки ресурси веднаш направиле три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери кои интервенирале во гаснење на пожарите.

— реклама —

„И практично, благодарение на единиците на локалната самоуправа, на општините, и нешто малку луѓе кои што во тој момент беа спремни, почна борбата со огнената стихија. Полека, еден по еден, хеликоптерите се вратија и беа ставени во употреба. Технички, беше интервенирано на воздухопловите. Истите стана оперативни, трите. Луѓето кои што ги управуваат, кои што беа во пензија, ги вративме со договор на дело, да може да ги управуваат, бидејќи немавме кој да ги управува. И во еден момент, од ништо, имавме три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери. И стотици пожарникари, припадници на Министерството за внатрешни работи, одбрани граѓани, доброволци, при што ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за пожртвуваноста која што ја прават.“, додаде тој.

— реклама —

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата прогласила кризна состојба, и веднаш го активирала европскиот механизам за помош при кризни состојби.

„Во меѓувреме, во тој прв бран, прогласивме кризна состојба, поради борбата со огнената стихија, но истовремено и го активиравме европскиот механизам за помош при кризни состојби. Кога го активиравме тој механизам, помош ни дојде од соседна Србија, помош дојде од Црна Гора, од Словенија, од Турција, од Романија. И во тој прв бран ја совладавме огнената стихија. Понатаму, продолжи борбата со огнената стихија, но не само кај нас, секаде и во Европа тоа се случува. И во овој момент, во текот на вчерашниот ден, имавме историски, незапаметен број на пожари на отворено, 66. Успеавме 40 да ги совладаме. Останатите се под контрола. Благодарение на пожртвуваноста на пожарникарите, доброволците, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана. И повторно ќе кажам, ја користам оваа прилика да изразам огромна благодарност за свето тоа што го прават. И ќе продолжиме да се бориме, имајќи предвид, температурата која што следи и во месец Август, не очекувам да има големи промени, ниту врнежи. Вакви предизвици ќе има.“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски упати загриженост од информациите кои ги добива од МВР дека причина за ваквата состојба се невнимателност, но и намера истите тие да предизвикаат.

„Но она што ме загрижува, се индициите кои што ги добивам, како информација од Министерството за внатрешни работи, дека постои основано сомневање. Дека причина за овие пожари во голема мера е невнимателност, а во голема мера и намера да истите тие се предизвикаат. Ние кај се бориме. Повторно го активиравме европскиот механизам за барање поддршка во ваква кризна состојба.“, изјави премиерот и додаде дека помош пристига од Чешка, Унгарија, Србија, Словенија и Германија.

„Република Чешка одговори со еден хеликоптер кој што треба денеска да пристигне, соседна Србија со уште еден хеликоптер, Унгарија испраќа во текот на утрешниот ден четири теренци кој што се многу потребни за оние предели, кој што се непристапни и тешко се пристапува дури и од воздух, кој што се себе носат еден кубик вода и кој што можат многу брзо да превенираат, да не се прошири овој пожар. Истовремено, Словенија позитивно одговори, Германија, два авиона, и тоа е капацитетот кој што ние во моментот можеме да го прифатиме и состојбата можам да кажам дека целосно или делумно е или ќе биде ставена под контрола. Апелирам до граѓаните. Има луѓе доволно кои што се грижат, да нема самоорганизирање, затоа што не дај Боже, не дај Боже, необучен цивил кој што има најдобра, најискрена желба да се вклучи да помогне, не дај Боже, да западне во тешка состојба и не дај Боже да го загуби својот живот. Нема цена тоа. Ве молам, јас ве разбирам, дека сите сакате да помогнете, ве разбирам дека сите сакате кога е потребно да излезете во пресрет, ние сме хуман народ, ние сакаме да помогнеме, сакаме да помогнеме на тој кому таа помош е потребна, но има доволен број пожарникари, има доволен број припадници на Министерството за внатрешни работи и за одбрана и сето тоа е сосема доволно во овој период за да се справиме, иако ќе повторам станува збор за огнена стихија, која што е на својот историски пик. 66 имавме само вчера. 66 активни пожари на отворено, што не се случило. 40 успеавме успешно да ги изгаснеме. Тоа е поврзано со пожарите, а политичари и политички партии кои што имаат некрофилски намери, јас немам намера да коментирам.“, дециден е премиерот на Владата Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 15 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 19 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања