Мицкоски: Нема да го поддржиме заемот од 100 милиони евра се додека не видиме каде отидоа парите на граѓаните од претходната енергетско кризна состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-mickoski

„Оптимизмот е дека ќе се набави јаглен, а не дека нема да имаме енергетска криза. А, не е оптимизмот по која цена и од каде пари. Еве сега да речеме повторно ќе дојде во Парламентот закон со кој што вие граѓаните ќе се задолжите со 100 милиони евра. И они сега што сакаат да направат? Сакаат да прогласат енергетско кризна состојба, за да можат овие 100 милиони евра при оваа набавка на јаглен, на мазут, и на останато, да ги трошат во четири очи, да ги крадат“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски при посета на општина Петровец одговарајќи на новинарско прашање.

— реклама —

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи заемот од 100 милиони евра се додека власта не каже каде ги потроши парите од минатата енергетско кризна состојба.

„Нашиот став е ДА за енергетската кризна состојба, но прво да видиме каде ги потрошија парите на граѓаните од минатата енергетско кризна состојба. И нема да го поддржиме овој заем од 100 милиони евра се додека не видиме каде отидоа парите на граѓаните“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Владата и владините министри се сѐ побогати, а народот е се посиромашен. Додека не видиме каде отидоа парите ние нема да се согласиме ниту на нова енергетска кризна состојба, ако треба мерки за поддршка на стопанството подготвени сме како мерки да ги поддржиме, но не и да дозволиме Владата да биде на начин на кој што ќе ги краде парите преку условно кажано енергетско кризна состојба. И сега видете го вториот парадокс, првиот парадокс е го опљачкаа ЕЛЕМ, ЕЛЕМ кој што произведувал по 6 – 6 ипол терават саати, сега произведува помалку од 3 терават саати и како награда добија нова компанија со нови управни, со нови надзорни одбори која што треба да го врши затоплувањето на Скопје. Овие „способниве“ што ја уништија ЕЛЕМ сега треба да им дадеме во рака нови 100-тина – 200 милиони евра, пари на граѓаните да ја доуништат новата компанија со нови управни, со нови надзорни одбори итн. Од прилика тоа е планот, и тоа е она кое што ни го нуди Владата, а нормално во јавноста пред граѓаните шири условно би рекол песимизам и позади завесата ги бројат провизиите од тендерите во четири очи. Тоа е суштината, а тоа ние нема да го дозволиме како ВМРО-ДПМНЕ и како опозиција“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања