Мицкоски од Давос: Македонија станува регионален енергетски јазол со нови гасни и хидроенергетски проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library9mfic5t8cgbl8fsPH2a

— реклама —

Македонија интензивно ја зајакнува енергетската инфраструктура и развива стратешки проекти за производство на електрична енергија кои се од значење не само за државата, туку и за целиот регион, изјави премиерот Христијан Мицкоски на панел-дискусија во рамки на Светскиот економски форум во Давос.

— реклама —

Одговарајќи на прашања поврзани со развојот на вештачката интелигенција, потребата од стабилно енергетско снабдување и напорите за привлекување странски директни инвестиции, Мицкоски истакна дека земјата работи на зајакнување на преносните капацитети за електрична енергија и гас, како предуслов за развој на современи центри за податоци.

— реклама —

Тој информираше дека во моментов се гради гасен интерконектор со Грција, а наскоро ќе започне и изградбата на гасен конектор кој ќе ја поврзе Македонија со Србија, со што значително ќе се зголеми капацитетот за снабдување со гас.

„Ќе го зголемиме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно, додека моментално трошиме околу половина милијарда кубни метри. Тоа значи дека можеме да обезбедиме илјадници мегавати инсталиран капацитет од гасни електрани за снабдување на нови центри за податоци со сигурна и одржлива електрична енергија. Владата го презема целиот институционален ризик и тоа е силен поттик за инвеститорите“, истакна Мицкоски.

Премиерот најави и дека се развиваат три големи проекти за производство на електрична енергија од хидроцентрали, со вкупна вредност од околу две милијарди евра. Како што посочи, овие проекти имаат стратешко значење, не само од енергетски аспект, туку и од аспект на управување со водните ресурси.

Според него, проектите опфаќаат изградба на три големи брани и резервоари на Црна Река, кои ќе обезбедат значајни резерви на чиста вода за пиење, што е особено важно во услови на климатски промени. Дополнително, каскадниот систем ќе има позитивно влијание и врз земјоделството во Тиквешкиот регион, кој важи за еден од најплодните во Европа.

Во своето обраќање, Мицкоски се осврна и на темата вештачка интелигенција, нагласувајќи дека зад овој поим мора да стои суштинско разбирање и реална технолошка подлога, а не само политичка реторика, потенцирајќи го и сопственото академско искуство во оваа област.

Со овие проекти, како што нагласи премиерот, Македонија се позиционира како стабилен и атрактивен партнер за инвеститорите и како важен енергетски фактор во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања