Мицкоски од Гевгелија: Повеќе од три години ништо не е направено, СДСМ даде лажни ветувања во 2016 година,

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Денеска сме овде во Гевгелија. Денеска е ден каде што ќе ги посетиме не само Гевгелија, туку и Дојран, Богданци, Валандово. Ќе разговараме со граѓаните во овие градови, ќе разговараме и со стопанствениците, со луѓето кои што го живеат ова секојдневие во Македонија, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сакаме практично да ја презентираме нашата програма, сите оние проекти кои се наменети за овој крај, но и наменети генерално за целата држава во следниот 4 годишен мандат на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Цениме дека ништо не е направено за овој крај изминативе повеќе од 3 години, цениме дека овој крај е исто така жртва на погрешните политики на  ова раководство на СДСМ предводено до Зоран Заев. Од ветувањата кои што беа давани во минатото апсолутно ништо не се испорача. Тука пред се мислам на ветувањата дадени за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, а потоа и на локалните во 2017 година.

— реклама —

Овој народ заслужува повеќе и ние цениме дека дојде времето кога овие политички измамници ќе бидат поразени со една голема и убедлива победа на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања