Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Мицкоски од Ташмаруништа: Боки и Кичеец немаше да имаат никаква сила ако не беа Кики, Фрики и Зоки Поки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Слајдер
mickoski-2-ri-3

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во најголем дел од неговото обраќање за Илинден од струшко Ташмаруништа, зборуваше за своите политички противници и за криминалот и правдата.

— реклама —

Го спомена и случајот „Рекет“ каде осомничени се Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, кои според Мицкоски, немало да станат моќни без поддршка од власта.

— реклама —

„За криминалот да не збориме. Правдата е замолчена, а криминалниот октопод царува. Новинари се викаат на сослушување, а криминалците за кои тие пишуваат се уште се на државна плата, или на чело на скапите тендери платени со државни пари. И не е проблем ниту првото, ниту второ осомничениот во случајот Рекет. Сите знаат, сите знаат во оваа земја дека ниту прво ниту второ осомничениот немаше да има никаква сила доколку неговиот грб не беа функционерите од врхушката на СДСМ, фамозните Кики, Фрики, предводени од сценаристото Зоки Поки.

— реклама —

Знам, добро знам дека имаше и луѓе кои поверуваа дека Заев и сега компромитираното СЈО ќе донесоа некаква правда, но драги браќа и сестри гледате дека ве разочараа. Сите нас не разочараа. Ова СЈО веќе не е алатка за носење на правда, туку алатка во рацете на Зоран Заев за правење на неправда. Не може да се очекува правда, од нешто што не само што ја навредува нашата интелегенција туку служи и за потсмев. Па еден ден ќе слушнете како Катица го загубила телефонот, вториот ден дека тој бил кај снаата, а третиот ден таа форензички го исчистила. Се ќе направат да ја спасат од обвинение, не затоа што Заев е многу хуман, а Катица невина, туку затоа што Јанева премногу знае, а Заев се плаши да не проговори за сето она што го правеа со СЈО-како местеа случаи, како креираа случаи за да уценуваат бизнисмени за рекет, прогонуваа и како заштититуваа криминал, тоа е алатката со која Зоран Заев дојде и сака да се одржи на власт.

Но, сега за сето ова знае и опозицијата, а дел по дел ќе знае и народот во Република Македонија. А, ако процени дека и Јанева станува штетна за премиерот бидете сигурни дека Рускоска обвинителството ќе стапи на сцена и некое утро ќе бидеме сведоци како се откажал и од Јанева, исто како што ќе се откаже и од сите други криминални ликови само да го заштити својот криминал и криминалот на своето семејство. И бидете сигури дека тоа лажно ќе сака да го прикаже како некаква борба за правда, во период кога знаат дека правдата со Заев не е можна. Заев не е во состојба да поставува услови, ниту повеќе да диктира темпо. Нему му преостанува да ги планира деновите по неговото политичко заминување. Да преиспита каде се огрешил пред законот, каков криминал сторил и колку долга ќе биде казната која ќе треба да ја отслужи за да може колку толку да им се извини на граѓаните“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања