ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски: Осудените за аферата „Мафија“ добија само 2 години казна и не беа обвинети за другите сторени дела затоа што така се договорени со вистинските нарачатели да се делат пасошите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Осудените за лажните пасоши добија само по две години и не беа осудени и за другите дела ко ги сториле затоа што така се договорени со вистинските сторители и налогодавачи да патните исправи се делат на криминалци кои се дел од мафиите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешната средба со Пендаровски.

— реклама —

Мицкоски вели дека осудените ја добија казната само за злоупотреба на службена положба, но не и за другите дела како фалсификување на патна исправа нема никаде во обвинението, злосторничко здружување нема никаде.

- Вчера имавме судска пресуда на лица кои издавале пасоши на пола балканско подземје, на албанска мафија, на црногорска мафија, италијанска мафија, турска мафија и така натаму, а беа осудени само на 2 години затвор затоа што го признале делото злоупотреба на службена должност согласно КЗ член 353 став 3. Фалсификување на патна исправа нема никаде во обвинението, злосторничко здружување нема никаде, зошто неа беа обвинети и по овие три члена согласно КЗ, затоа што така се договорија со вистинските сторители и вистинските налогодавачи да тие патни исправи се делат на овие луѓе и зошто до ден денеска сите тие патни исправи се уште важечки, потенцираше Мицкоски.

— реклама —

Тој посочи дека време е во Македонија политичарите да ги држат настрана рацете од обвиненијата и судските одлуки и да се ослободат обвинителството и судството од било каков политички притисок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања