Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Ова е нашиот Крушевски манифест, светот го виде вистинското лице на Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција, истакна дека светот го видел вистинското лице на Бугарија и дека тоа е нивната агенда години наназад.

— реклама —

„Токму затоа и потсетувам на она признавање на Бугарија од 90та како прв сосед. Тоа поврзано со сите нивни активности и дејствија сите овие децении наназад, но и историски гледано во крајот на 19тиот и 20 век, нам ние јасен показател дека тие имаат јасна агенда и план и дека се водени од мислата да ја уништат македонската нација и идентитет. Скептиците ќе речат кому му е гајле што се разголени Бугарите кога успеаја во намерите, а европските политичари пред да го направат оној предлог биле свесни за тоа, за задните намери на Бугарија. Точно е тоа. Ние тоа го знаевме’’, потенцираше Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Напомена дека ова е Крушевскиот манифест, со кој што докажуваме дека сме на вистинската страна, а Бугарија низ историјата се докажа дека знае да ја одбере погрешната.

— реклама —

„Јас ќе одговорам, конечно и не треба никому да му биде гајле, туку треба нам да ни е грижа да види светот, да видат народите од светот, со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21виот век, и да оставиме трага за вистината зад една битка на една генерација. Ова е нашиот крушевски манифест со кој конечно мора ние самите да се мобилизираме да ги збиеме редовите и да ги мобилизираме сите пријатели и сојузници, затоа што ова е борба за фундаментални, основни човекови права и вредности. И ние сме на вистинската страна од историјата. А Бугарија видовме низ историјата дека знае и да ја утне вистинската страна. И оваа борба ниту почнува ниту завршува денес’’, дециден е Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 23 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 23 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања