Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Овој Велигден покрај празничната радост не обзема и горчина поради тоа што нашата земја се соочува со тешка криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
MickoskiVeligden2021

Честитка по повод празникот Воскресение Христово - Велигден од  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

 

Христос Воскресе!

— реклама —

Навистина Воскресе!

Посакувам многу среќа, здравје, и просперитет за Вас и Вашите најблиски.

На Велигден споменуваме за големата саможртва на Бога и го славиме, бидејќи преку воскресението ја славиме и вечноста.

Овој Велигден покрај празничната радост не обзема и горчина поради тоа што нашата земја се соочува со тешка криза. Повеќе од 4,800 наши сограѓани ги загубија своите животи, и над 150,000 се заразија и поминаа низ силни искушенија.

— реклама —

Дали можеше поинаку земјата да се справи со оваа криза?

Примерите околу нашата држава покажуваат дека и тоа како можеше, и поинаку, и многу подобро.

Немаа план, а сиромаштијата расте. 60 илјади наши сограѓани останаа без работа, а многу бизниси трпат огромни загуби. Животот е се потежок.

— реклама —

Во овие празнични моменти ова е горчината која го јаде секој еден човек и на секој еден од вас сакам да соопштам дека ви ја разбирам и болката и горчината. Но затоа мораме да ги менуваме работите заедно, пред државата да падне подлабоко во амбисот на неспособноста, криминалот и обезличувањето. Ќе донесеме иднина. Да не дозволиме уште еден Велигден да поминеме во несреќи.

Дали е возможно? Секако дека да. И заедно сме и посилни и поспособни.

Следува македонска пролет и поубави денови. Ќе изгрее сонцето и за Македонија.

Ви посакувам лична среќа, успеси, и убави нешта за Вас и Вашите семејства. Да си помагаме едни со други, така и Бог ќе ни помогне.

— реклама —

Нека е за многу години Велигден!

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања