Откако премиерот Зоран Заев повика авганистанци да престојуваат во Македонија, реакција дојде од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Зоран Заев не е способен да обезбеди грижа и заштита за нашите граѓани, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји. Македонија е една од најсиромашните земји во Европа, во ваква една ситуација, добро е да видиме пример на солидарност од побогатите земји од нашата Македонија, со пример да покажат вредности, да прифатат бегалци од Авганистан, а не со тапкање по рамо. После да размислуваме дали и кој ќе го плати..., инаку да потсетам и ова нели беше во главата на вмровците!“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.