Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Кристијан Мицкоски ја води кампањата за оставка на Владата предводена од СДСМ ,а денес на својата официјална Фејсбук страна објави видео спот во кој се поместени делови од телевизиски прилози емитувани во вестите на телевизиите, а во кои се објавуваат смртни случаи , афери и други несакани настани во здравството.
Со видео материјалот Мицкоски на Фесјбук објави и статус во кој повикува министерот Венко Филипче да се повлече од функцијата и да поднесе оставка.
„Здравството е пред колапс.
Неспособноста, негрижата и неодгoворноста на министерот Филипче и премиерот Заев ја плаќаат граѓаните.
Граѓаните ја изгубија довербата. Состојбите од ден на ден стануваат се полоши. Хаосот во здравството чини човечки животи. Граѓаните не можат да дојдат до лекови. Тендерите им се поважни од граѓаните. Понижувања на медицинските работници.
Оставка веднаш.
Промени и избори на кои народот ќе одлучува. “ - пишува Мицкоски.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/561010754309102/?t=0
Пушти-3:46Дополнителни визуелни подесувањаВлези, прегледај и листајКликни за да зголемиш
Исклучи тон