Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Мицкоски: Поддржуваме раст на домашните компании, „Алкалоид“ е одлична приказна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryae5pp36ld8i67XUSXCa

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, при денешната посета на фармацевтската компанија А.Д. „Алкалоид“ во Скопје изјави дека претставува голема чест и задоволство да се видат производни капацитети кои се рамноправни со најсовремените светски фармацевтски компании.

— реклама —

Мицкоски истакна дека посебна гордост е тоа што „Алкалоид“ е македонска компанија, која со своето работење ја претставува државата на најдобар можен начин. Тој упати благодарност до директорот, менаџментот и сите вработени кои, како што рече, секојдневно покажуваат со што располага македонската фармацевтска индустрија.

— реклама —

„Повеќе од 3.000 вработени ја градат својата иднина во ‘Алкалоид’, најголемиот дел од нив во Македонија, а дел и во претставништвата надвор од државата. Повеќе од две третини од портфолиото на компанијата е извозно, што директно влијае на економската состојба, растот на БДП и индустриското производство“, нагласи Мицкоски.

Тој порача дека Владата ќе продолжи да ги поддржува ваквите успешни македонски приказни, бидејќи, како што рече, нема поголем промотор за една држава од компании кои успешно работат и надвор од нејзините граници.

— реклама —

На крајот, премиерот им честиташе на вработените и на менаџментот на „Алкалоид“, упатувајќи благодарност и до министерот за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување, со порака дека заеднички ќе продолжат да нижат успеси и да го унапредуваат работењето и портфолиото на компанијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrhk49169gjo49gDjC6W

Мицкоски: Создаваме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места

Македонија | пред 1 месец

lence-press

Откако премиерот Мицкоски ја нарекол Ленче Ристоска „медиокритет“, Советот на јавни обвинители отвори постапка

Македонија | пред 2 месеци

media-library179b9vas9u5h16Z0RF0

Мицкоски: „Бугарите во устав не е единственото барање, туку комплетно редефинирање на македонскиот идентитет“

Македонија | пред 2 месеци

media-librarym5j03b45n1r4dJrK9h0

Премиерот Мицкоски заедно со семејството на бадниковата вечера: „Паричката од бадниковото лепче се падна кај мене“ - изјави Мицкоски

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања