Промени тема
Контакт

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам доколку некој има предлог, но не се откажувам од реформите во правосудството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Mickoski11072024

„Јас не се откажувам и од распуштање на Судскиот совет како реформа и од распуштањето на Советот на јавни обвинители, чекам предлози, очајно молам за предлози за да не биде довербата кај граѓаните 2 проценти во правосудството, да не бидат криминалци чесни граѓани, а чесните граѓани да бидат криминалци, зашто имаме исклучоци на корумпирани обвинители и судии, тоа не е генералната слика да се разбереме, имаме такви исклучоци“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање и додаде:

„Немам ниту братучеди, ниту браќа, ниту сестри еве јавно кажувам на македонската јавност, на овој народ му е преку глава да се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава, затоа што неколкумина криминалци мислат дека се над законот, а тоа им го овозможуваат овие институции, затоа што се таму благодарение на тие неколкумина политички криминалци и вистински криминалци“.

— реклама —

Премиерот Мицкоски потенцираше дека е избран од граѓаните и дека е обврзан да го достави тоа што го понудил како решение и нагласи дека е подготвен да разговара со секој кој има некаква идеја.

— реклама —

„Јас толку знам како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сум излегол на избори, сум понудил решение, гласале 450.000 граѓани и тоа мене ме обврзува. Ако некој знае подобро нека каже, јас сум подготвен да разговараме. Секој којшто знае експерт подобро нека дојде нека каже, само очајно молам овие 2 проценти да направиме нешто барем да бидат 12, јас знам дека не можат да бидат 22, 52, 82, но барем да бидат 12. Зошто ни е ова битно? Ако нема доверба во правосудството, нема ни инвестиции како оваа, ако нема инвестиции како оваа, нема бизнис нема пари во Буџетот, ако нема пари во Буџетот нема за здравство, нема за образование, нема за плати, нема за земјоделци, нема за пензии, нема за инфраструктура.

— реклама —

Ова е систем. Системот почнува од тие неколкумина, сите ги знаеме кои се, сите знаеме во државава кои се тие во правосудството коишто се корумпирани и сега ние ако се правиме при очи, слепи, при уши, глуви во ред, но не е во ред ради децата и заради идните генерации коишто доаѓаат. Јас толку знам и ќе се борам за тоа што го знам, подготвен сум да разговарам со секого, секој оној којшто има некаква идеја нека дојде, подготвен сум да го сослушам, само да не ми се појавуваат експерти вечни чиишто потоа презимија случајно се појавуваат како нови членови на судскиот совет. Такви експерти вечни ги знам нивните методи, тие не доведоа до овие 2 проценти.“, дециден е премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски најави: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Прилеп–Битола

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryir6dvikp07cp13RUcSx

Нова инвестиција во Прилеп, Мицкоски најави 300 нови вработувања

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg95i2mmv3ocdd9pToZT

Цената на струјата барем да ја задржиме иста, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме, рече Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања