Промени тема
Контакт

Мицкоски повика на протести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
46804282_2706308569637663_264683870786420736_n-1

Денес е финалниот акт на еден срамен процес во кој Република Макеоднија е втурната од страна на Зоран Заев и владеачкото мнозинство, во кој до промената на Уставот се доаѓа преку недемокатски пат, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во тој процес и нема да даде легитимитет затоа што таквите измени немаат легитимитет од граѓаните. Тие се штетни и оставаат белег врз македонското достоинство и идентитетот. Имаме процес на промена на Уставот преку промена на уставното име, преку пазарење и уцени, а за таа цел има злоупотреба на обвинителството и судството.

Кацарска судството и рускоска обвинителството и СЈО се механизмите на власта за пресметка и уценување. На референдум Зоран Заев не доби поддршка за менување на Уставот и името, туку тоа го прави на криминален начин“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека останува запишано дека името не го менуваат граѓаните туку 80 пратеници обезбедени преку уцени и закани.

— реклама —

„Ќе прашам, европски вредности ли се тоа? Сите оние кои се залажуваат дека на овој начин ќе дојдеме до европска Македонија се лажат. Вака сме се подалеку, бидејќи Европа е вредност и принципи, кои што владеачкото мнозинство ги крши. Оваа Влада спроведува политика која нема легитимитет од граѓаните. Мојата татковина, татковината на граѓаните е Република Македонија, онаа за која мнозинството гласаше на референдум на 8 септември“, вели Мицкоски.

Тој додаде дека во ваква ситуација преостанува само отпорот.

— реклама —

„Јас ќе го користам демократското право да протестирам и пркосам на се она што се случува денес и следните денови во Собранието. Ве молам да не подлегнувате на провокации, да ни се придружите и да останеме достоинствено, иако државата е окупирана“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања