Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: „Правосудството е последната брана на неправдите – следуваат реформи, правдата веќе не може да чека“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library3r08te71nhftclSMcYi

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори, и кој се одржа во Скопје во Спортскиот центар ,,Јане Сандански“. Тој порача дека промените се видливи во многу сектори, меѓутоа, правосудниот сектор и понатаму останува најголема пречка во земјава.  Мицкоски најави  дека по локалните избори годинава нема да има толеранција кон ваквите структури кои функционираат како длабока држава и го бранат криминалот, а и дека следуваат реформи, бидејќи правдата веќе не може да чека.

— реклама —

,,Овие година и половина секаде започнавме со промени, со заздравување на атрофираниот и заболен систем во распаѓање, и секаде вложуваме труд, од образование, здравство, до економија и земјоделие. Промените се чувствуваат: некаде има повеќе резултати, некаде тие се со послабо од очекуваното темпо, но секаде правиме промени. Морам да признаам дека не сум задоволен од функционирањето на правосудниот систем, кој стана главното упориште на неправдите во државата, таму ќе ги најдете аргатите на системот кој го поразивме и  нивните заштитници. Последната брана за правдата во Македонија. И ќе бидам брутално искрен околу дебатата што ја наметнуваат, како сум можел да кажам дека платите на судиите и обвинителите не ги заслужувале.  Со чест на исклучоци, сметам дека не само што не ги заслужуваат, туку им се и преценети во однос на тоа колку испорачуваат правда“, рече Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Мицкоски истакна дека по изборите нема да има ниту политичка коректност, ниту правна толеранција за структурите кои функционираат како длабока држава и кои го штитат криминалот, а додаде и дека следуваат реформи кои ќе обезбедат правична држава и држава на народот без поделби и паралелни системи.

— реклама —

,,Клановската екипираност и нивните отворени релации ги направија да се ѕид на правдата и штит на криминалот на апаратот што го менуваме.  Сакам да најавам дека после локалните избори нема да има ниту политичка коректност, ниту правна толеранција кон структурите што функционираат како длабока држава во одбрана на криминалот. Следуваат реформи за кои знам дека некои платени мегафони ќе паѓаат во несвест, но овој пат мора да не биде. Не може веќе правдата да чека, ниту да функционираме во две паралелни, нееднакви Македонии. Доаѓа времето на правда, а Македонија ќе биде само една, таа на народот, таква каква што ја заслужува. Има само една Македонија. Македонија на народот “, кажа Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

Македонија | пред 9 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски: Владата на СДСМ во 2023 година носела одлука поврзана со Алта банка и Давор Мацура

Македонија | пред 10 часа

media-librarychnerospkash5j7nNgr

Мицкоски: Нема предвремени избори, следните две години треба да обезбедиме пет милијарди евра

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања