Христијан Мицкоски повторно на дело го покажа своето лицемерие пред целата јавност. Преку ден бара наставата во второто полугодие да продолжи онлајн, лажно загрижен за здравјето а навечер се гоштева и ги крши сите протоколи за заштита од Ковид-19, вели СДСМ.
„Тоа е истиот Мицкоски кој среде пандемија одеше во кафеани и теретани. На сите им е јасно дека Мицкоски едно зборува а друго прави“, додаваат од СДСМ.