Мицкоски прифаќа да се слика со Заев, но вели Заев прво да направи две работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-mickoski

Вчера Заев ме покани да сум се сликал со него. Не е проблем, еве прифаќам, но Заев прво ќе треба да направи две работи. Да ги врати 8.5 милиони евра од Глобал, а потоа и оние едно евро за Вицето, едно евро за црквата што ги бараше на видео снимката.

— реклама —

Додека не ги направи овие две работи, ќе му остане само да се радува на сликата со Ципрас, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој истакна дека Зоран Заев не разбира што е неправда.

И ќе ви кажам зошто изгледа Заев не разбира што е неправда.

— реклама —

-Неправда е кога неправда е кога наместо повисоки пензии, се даваат тендери и бизниси на Вицето.

-Неправда е кога ќе ветите добра бизнис клима, а ќе покачите даноци.

-Неправда е кога ќе излажете дека ќе влезе нова германска инвестиција, а таа ќе инвестира во соседна држава.

-Неправда е кога младите си одат од земјава, мајките плачат, а Мира Дизел си запослува половина фамилија.

-Неправда е кога студент со 10 просек си не може ни да се прехрани, ама децата на власта одат на скапи одмори,

-Неправда е кога имаме криминални иновации наместо вистински иновации и напредок.

-Неправда е кога ќе велат дека ќе им дадат повисоки субвенции на земјоделците, а тие не може ниту да ги продадат производите. Кога на оризарите поисплатливо ќе им биде да го фрлат родот отколку да го продаваат, кога ќе ветат зелена нафта, а нема да добијат ништо од власта.

-Неправда е кога наставниците и професорите нема да добијат повисока плата.

-Неправда е кога нема работа за доктори на науки, магистри…

-Неправда е кога ќе ветат 500 евра плата, а ниту оваа сега што ја имаме можат да ја одржат.

-Неправда е кога ќе ветите дека ќе ги решите Еврокомпозит, Колска и Југохром, а нема да мрднете прст за нив

Неправда кога ќе ветите раст од 5 посто, а Светска Банка ви вика дека не можете реално да дојдете ниту до пола.

Нашата визија е правдата да биде најголем непријател на неправдата, кога криминалците ќе бидат зад решетки. Тоа ние го можеме. Овој сон можеме да го оствариме. Тогаш што чекаме. Знаеме дека со оваа власт нема ништо добро. Да почне смената. Гордана за горда Македонија. Гордана за правда за Македонија, напиша Мицкоски на фејсбук.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања