Промени тема
Контакт

Мицкоски: Приватните инвестиции придонесуваат за развој на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
mickoski18072024

,,Ми претставува голема чест и задоволство што бев денеска дел од овој настан. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на инвеститорот, Трајче е навистина пример кој што треба да го следат сите Македонци насекаде низ светото, да не си ја забораваат својата татковина. Знам дека тоа се макотрпно и тешко заработени средства кои што таму некаде далеку после Атлантикот, Трајче ги има заработено.

Но, не ги заборава своите корења, не ја заборава својата татковина и инвестира во својот град Кавадарци.

Ефектите се огромни за економијата. Прво, да се има еден ваков водечки светски бренд, водечки светски бренд како што е Холидеј Ин, навистина е чест овдека во Кавадарци, благодарение на инвеститорот тоа ќе се случи набргу од денеска. Од презентацијата можев да видам дека станува збор за импозантна градба, градба која што нема како, а да не го развие целиот регион сега и Кавадарци ќе биде на многу пожестоко место на туристичката мапа, голем број на туристите кои што го посетуваат регионот поради, според мене најубавото вино во Европа, но и највкусното грозје во Европа, сега ќе имаат уште еден поголем репрезентативен со светски квалитет сместувачки капацитет.

— реклама —

Самата градба вработува луѓе и допринесува во локалната економија.

— реклама —

Благодарност и до градоначалникот Јанчев што цело време го следи административно овој проект, благодарност и до сите луѓе кои се вклучени во овој проект. Како Влада имаме цел во Македонија да донесеме што е можно повеќе вакви инвестиции, да поддржиме да бидеме лидери во регионот и убеден сум дека можеме тоа да го направиме.

Набргу од денеска сите ние ќе сведочиме на една прекрасна градба овде во Кавадарци, каде што ќе работата не само кавадарчани, туку луѓе од регионот и цела држава. Сакам што побрзо тоа да се случи ние сме сите нестрпливи. Знам дека секоја една работа има природен тек, не можете да одите спротивно на природата, но сигурен сум дека ова репрезентативно здание ќе биде нешто кое што сите ние ќе се гордееме и ќе имаме со што да се гордееме.

— реклама —

Така што еве посакувам следниот пат кога ќе се видиме овде да присуствуваме на отворањето набрзо од денеска, и посакувам успешно да работи и да придонесува не само во локалната, туку и во националната економија.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски најави: Следната година се пуштаат првите километри од автопатот Прилеп–Битола

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryir6dvikp07cp13RUcSx

Нова инвестиција во Прилеп, Мицкоски најави 300 нови вработувања

Македонија | пред 7 часа

media-libraryg95i2mmv3ocdd9pToZT

Цената на струјата барем да ја задржиме иста, а зошто да не и се обидеме да ја поевтиниме, рече Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library7640tv95fgkr19ixlfX

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања