Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Разочарувачки е што ЕУ станува се подалечна цел со Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-123r75

„Значајно е да се каже дека вчерашниот Самит на Европската народна партија е посветен на Западниот Балкан е многу значаен за регионот. Бидејќи од најголемото политичко семејство во ЕП имаме јасна и недвосмислена поддршка за регионот за целосно интегрирање на регионот во рамките на ЕУ, а ние како ВМРО-ДПМНЕ се разбира јасна и недвосмислена поддршка за следните локални избори“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за вестите на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека две влијателни земји членки на ЕУ биле против дефинирање на датата односно година до која треба да се интегрира Западен Балкан во ЕУ.

— реклама —

„Она што можеби е разочарувачко што таму го дознав лично од претседавачот со ЕУ, премиерот на Словенија, господинот Јанез Јанша кое го кажа на состанокот е дека во суштина било потребно да се дефинира и од негова страна било предложено да се дефинира дата, односно година до која што ќе биде целосно интегриран Западниот Балкан, а тоа е 2030-тата година. Две влијателни земји членки биле против дефинирање на краен рок за интегрирање на земјите на Западен Балкан во рамките на ЕУ, да биде тоа 2030-тата година“, појасни Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи дека за него лично ова е разочарувачки.

— реклама —

„Но, она што за мене е разочарувачки е дека практично сите оние лаги кои што ги живееме 52 месеци, пет години откако СДСМ и Зоран Заев се Влада во Македонија. Практично се излегува на површина. Сите ние сме сведоци дека неговото политичко функционирање се темелеше на лажна вест, сите овие 52 месеци. Нема ништо, барем сега за сега од европското образование, европското здравство, како тој што викаше европскиот сон. Туку ќе треба да се справиме со корупцијата и криминалот кои што се би рекол најголем проблем во нашето општество“, појасни Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања