Промени тема
Контакт

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Mickoski1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство.

Според Мицкоски, многу е јасно зошто се кријат за правосудниот систем.

Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Oд месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кое ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки, кажа Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи дека нема ниту еден случај кој на институциите им е предочен, а истиот да завршил со обвинителен акт за било кој поранешен висок функционер.

— реклама —

А случаи има колку сакате, само недостасува волја. А нема волја затоа што за судот и обвинителството главни се аргатите на СДС и ДУИ. И со оваа корупција имам намера посебно да се занимавам по локалните избори, затоа што мора еднаш за секогаш да се стави крај со овој перманентен бастион на криминалот“, вели Мицкоски.

Мицкоски објасни дека не може да има слободни корумпирани политичари, ако нема корумпирани обвинители и судии што ги штитат тие политичари.

— реклама —

Затоа по изборите следат реформи кои ќе ја откријат и вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава. Таа пресметка нема да биде политичка, туку пресметка за докажување на правдата која народот на Македонија ја заслужува, заклучи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС велат „Македонија не е на продажба“, а токму тие ги распродаваа националните интереси

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Дури и градоначалник од СДСМ го поддржува ископот на антимон, но партијата е против

Македонија | пред 1 ден

media-libraryum9e73haldib5ZFDLee

ВМРО-ДПМНЕ: И талогот пресушува, соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Македонија | пред 1 ден

media-libraryb2jm4bvgmfguaGC5f8x

ВМРО-ДПМНЕ: Партизираното судство градено со години во служба на моќници поединци, наместо во слово на законот

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања