Промени тема
Контакт

Мицкоски: СДС и ДУИ ја злоупотребуваат ЕУ за да крадат, а фатени се живи како крадат и имаат намера да профитираат на проектот за коридорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Фокусот на оваа тесна клика која владее е во криминалот, разграбувањето и личните интереси. Во саботата владата беше во Пелагонија за да го означи почетокот на изведба на дел од делницата Прилеп-Битола, како и дел од Коридорот 10Д. Се сликаа, направија големи бини. Омилената агенција за настани на ДУИ постави платформа за славење, завршија, си се собраа, ги товарија багерите и заминаа. Патот денес не се работи, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово на тема Младински политики.

— реклама —

Тој потенцираше дека на терен ништо не се работи, а приватната компанија, која е изведувач, т.е. Бехтел и Енка, ги чека парите кои владата и ги вети, без мака, без работа, над 300-тини милиони евра, и тоа само за аванси и пенали без удрена лопата.

— реклама —

Тоа е кражбата која цела клика на власт ја турка пред наши очи. Цела година зборуваат за овој проект, а лопата не удрија, а оние пак внимавајте добро ова е многу интересно оние пак рекреативците во скопски Чаир за една вечер направија паркинг од дворот на болницата, и тоа без европско знаменце. И ова колку и да е смешно говори само за беззаконието кое владее во Македонија и колку Владата на Демократска унија за интеграција поддржана од СДС ни е неспособна, рече Мицкоски.

— реклама —

Претседателот нотираше дека за да полесно им поминат во Собрание законите на СДС и ДУИ за овој проект закачиле и европско знаменце, без никаква основа за истото.

— реклама —

Премиерот, вели дека граделе во Европа, затоа биле законите со европско знаменце. Демек ако е од Европа е гаранцијата дека за Европската Унија се работи, а не сака да види дека во Европа е и оваа мафијашка клика која живее од трудот на народот и го разграбува. Ја злоупотребуваат Европската Унија за да крадат, а фатени се живи како крадат. Фатени се апла како имаат намера да профитираат од проект вреден неколку милијарди евра. И прават грешки затоа се во паника, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања