Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мицкоски: СДСМ и ДУИ се нервозни, имаат 20-тина градоначалници, а немаат направено ниту еден отчет, затоа што немаат проекти, ништо не направиле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
mickoski-stojkoski-aleksandar

„Генерално, градоначалникот кажа за техничките детали за проектот, самиот проект што подразбира, што значи овој проект за мештаните, околните жители овде во општина Ѓорче Петров“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде:

„Она што мене ме радува е фактот дека и покрај сите проблеми, дел од нив и ги спомена Александар, сепак Општината продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнува ветувањата кои што се дадени пред граѓаните.

— реклама —

И од тука е и нервозата кај нашиот политички конкурент, кога ги напаѓа градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. А, имате во Македонија повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов, ниту знаеме кој проект го реализираа.

— реклама —

Така што сето тоа кое што денеска претставува напад, сето тоа кое што претставува непринципиелен напад, ние со насмевка мораме да го прифатиме и истовремено да одбиеме што би се рекло на невистините кои што доаѓаат од нашиот политички противник СДСМ.

А, она кое што исто така е важно е во периодот кој што следи и покрај сите предизвици да продолжиме да работиме, да го испорачаме тоа кое што сме го ветиле кај граѓаните, но и да испорачаме повеќе од тоа што сме ветиле на граѓаните. Затоа што мора да покажеме дека не се сите исти и дека ние сме различни затоа што ни претстојат предвремени парламентарни избори кога граѓаните треба да ја дадат довербата на тој на кој што тие мислат. А, ние цениме дека сме многу поконкурентни и многу покомпетитивни, и луѓе кои што држат до зборот и тоа што го ветуваат и го испорачуваат.

— реклама —

Така што срамот ќе си остане кај тие што денеска се гласни, а треба да молчат. А, ние ќе продолжиме да работиме, колку пониско тие удираат толку повисоко ние ќе се креваме“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања