Промени тема
Контакт

Мицкоски: СДСМ најдобри се во корупција и неспособност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
243082541_388837616047161_6282079194679168540_n

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски во своето обраќање од централниот настан за отворање на изборната кампања и претставување на кандидати за градоначалници кој традиционално, партијата го почнува од Охрид им долови на граѓаните дека актуелната владејачка партија и на локално и на централно ниво, односно Социјалдемократскиот сојуз предводен од Зоран Заев најдобри се во едниствено во тоа едно да ветуваат и кажуваат пред граѓаните и сосема спротивно од тоа да прават.

Барајќи ја поддршката од граѓаните за кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, истакна дека, оваа владејачка гарнитура предводена од СДСМ во изминатите години покажа, исто така, дека најдобри се во корупција и неспособност, и тука апсолутно никој не им е рамен.

„Јас мислам дека тие се најдобри во тоа едно да кажуваат друго да прават, најдобри се во корупција, тука им нема рамен, најдобри се во неспособност, нема понеспособни во светот од нив, најдобри се во покажување неодговорност, навистина и за ова најдобри“, рече Мицкоски.

Обидувајќи се да им долови на граѓаните со примери, коко претставниците на СДСМ кои се раководители на државни функции, многу ветуваа во претходните изборни кампањи, а со преземањето на одговорноста, од тоа скоро и ништо да не остварија, наброја неколку примери за нивни ветувања.

— реклама —

„Тие сакаат да се заборави дека ветуваа многу и излажаа, ништо не направија:

1. Ветуваа раст на економијата од 5 до 7 %, а едвај половина процент е просекот изминативе четири години.

— реклама —

2. Ветуваа просечни плати не знам до колку евра, странски инвестиции до колку милијарди, а од инвестиции само марихуаната на Заеви ја видовме.

3. Ветуваа враќање на средната класа, а направија осиромашување на средната класа.

— реклама —

4. Ветуваа 600 км автопатишта низ Македонија, 550 км магистрални патишта, а не може да ги завршат ни тие што последната влада на ВМРО-ДПМНЕ што започна да ги гради“, истакна Мицкоски во својот говор при што додаде дека од нив и во иднина не може да се очекува ништо поразлично, затоа што волкот ја менува кожата, но навиките и карактерот не.

Но, додаде Мицкоски, на овие избори, одлуката како понатаму зависи од самите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања