Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски: Се потврдува дека постои директна спрега меѓу СДСМ и „Рускоска Обвинителството“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mickoski-bitola-1

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Битола изјави дека премиерот Зоран Заев пропуштил да одржи државнички прес со државничко обраќање.

— реклама —

Според Мицкоски, кај ВМРО ДПМНЕ се потврдуваат сомневањата дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и како што рече „Рускоска Обвинителството“.

-Ние во минатото зборувавме дека имаме исклучително корумпирано јавно обвинителство кое што е под палката на Катица Јанева и времето покажа дека нашите тврдења биле точни. Денес премиерот ги потврди нашите тврдења дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и „Русковска обвинителството“. За жал денес премиерот пропушти да одржи државнички прес, со државничко обраќање до сите граѓани и заеднички да направиме чекор напред, изјави Мицкоски од Битола.

— реклама —

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на својот предлог закон за ЈО, чија основна цел ќе биде да се обезбеди правда за сите.

Тој додаде дека има различни шпекулации за тоа каде се наоѓа специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, која и него како лидер на ВМРО -ДПМНЕ, го уценувала и барала поддршка на законот за јавно обвинителство во замена за одмрзнување на имотот на најголемата опозициона партија.

„Денеска добив информации дека на сите гранични премини има знак „С“ што значи да се задржи, да не се пушти да ја напушти територијата, како да ви кажам преседан за кој што навистина не постојат правни аргументи со кои може да се одбрани“ рече Мицкоски.

Инаку вечерва Христијан Мицкоски беше во Битола. Пред  партиското седиштето се одбележаа 29 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања