Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: „Сејф сити“ ги дава резултатите, во однос на протестот за нерегистрирани возила законот мора да се почитува и да има ред

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library33cqj83ps5ddemhjLwD

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, говорејќи за проектот „Безбеден град“ истакна дека истиот ги дава резултатите, граѓаните го почитуваат сообраќајот и има големо намалување на сообраќајните прекршоци, додека во однос на протестите за нерегистрирани возила и возење без возачка вели дека законот мора да се почитува и нема компромис, мора да има ред.

— реклама —

Премиерот Мицкоски нема дилема дека ќе се издржи и притоа заблагодари на македонските граѓани што ги почитуваат правилата и возат побезбедно, појаснувајќи дека бројката на прекршоци конкретно во Скопје е помала отколку кога би имало организирана акција на МВР.

„Ако таа бројка сега движи под 500, а во минатото статистиката вели дека кога МВР би имало организирана акција во сообраќајот тогаш се констатираат околу 1.000-1.200 прекршоци, тоа значи дека сега, навистина возачите го почитуваат сообраќајот и ги почитуваат правилата. Во вообичаен ден кога нема организирана акција, сообраќајните припадници на МВР санкционираат помеѓу 300 и 500 прекршоци на територијата на Скопје. Што значи дека сега со овој паметен систем сме во рамките на тоа за кое зборувам и претставува редовна работна рутина на МВР, а разликата е што имаме многу помал број на сообраќајни незгоди, преполовен е тој број, нема жртви од почетокот на официјалната примена од почетокот на февруари. Мислам дека од сето ова најголем бенефит имаат самите граѓани и возачи и истото се случува во Тетово и Куманово, не се забележани повеќе од 20-30 сообраќајни прекршоци дневно и 50-80 на коридорите 8 и 10. Генерално се движиме меѓу 500 и 600 прекршоци на територијата на која функционира системот“, потенцираше премиерот Мицкоски.

— реклама —

Во однос на протестите и заканите за возење без возачка и за нерегистрирани возила, премиерот Мицкоски истакна дека има конкретни акции и дејства од страна на МВР за оние кои ја преминале границата, и дека нема да се толерира дивеење и се што не е мирен начин на протест.

— реклама —

„Реков дивеење и начинот на кој одредена група протестираше можеше да се сфати како закана по животите и слободата на други лица без разлика дали се цивили или припадници на МВР, а од друга страна имаме уништување на државен имот. Секаде каде што тоа е констатирано, ќе биде поднесена пријава против сторителите на сето тоа. Ако некој мисли дека тоа ќе остане така неказнето, тогаш мислам дека се лаже. Така што секое изразување на револт на демократски и мирен начин е во ред, секој има право, оваа група вели ние сакаме да управуваме патнички возила или друг тип на возила без да поседуваме легална возачка дозвола. Ние велиме дека тоа не може“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека ако вие на мирен начин се изразува револт, тогаш ние како држава може да го обезбеди тој мирен начин, но ако тоа ја помине границата, државата мора жестоко да реагира и државата ќе реагира доколку некој ја премине границата односно Рубиконот.

— реклама —

„Побарав од МВР жестоко да реагира против сторителите кои тоа го прават, го загрозуваат правото на слобода, животот на без разлика дали се цивили или припадници на МВР и уништуваат државен имот или нанесуваат друг тип на штета, тие мора да бидат одговорни за сето тоа, ние сепак сме правна држава, дел од НАТО, држава која претендира да биде дел од ЕУ и ова година кога се воведува ред, во сообраќај и други сфери во општеството и мора да имаме ред ако сакаме да бидеме држава. Додека сум јас претседател на Влада мора да се почитуваат законите. Законот вели дека за да управуваш патничко возило мора да имаш важечка сообраќајна дозвола, ако немаш нема да управуваш, ако немаш нема да управуваш, а ако управуваш без важечки документ ќе бидеш одговорен пред закон. Тука нема компромис“, дециден е премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања