Промени тема
Контакт

Мицкоски: Сигурен сум дека тоа момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-20-at-13.12.02

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на социјалните мрежи со коментар дека е сработа премиерот Димитар Ковачевски да го користи името на неговиот внук во јавни настапи за политички цели. На прашањето дали ќе му учини на барањето за предвремени парламентарни избори на Мицкоски, Ковачевски рече дека очекува од неговиот внук „повеќе да работи, а не да бара плејстејшн“.

- Повторно Димитар Ковачевски го вовлекува своето семејство во политички невкусни метафори, сакајќи да ме навреди и омаловажи. Сигурен сум дека тоа мило момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави. Посакувам да порасне во горд и цврст Македонец, спротивно од тоа што денес е неговиот вујко. Да се бори и ја сака својата татковина Македонија и да не го дозволи тоа што денес Димитар Ковачевски и го прави на Македонија, искоментира Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Според претседателот на најголемата опозициска партија, раководителите на СДСМ и ДУИ секогаш ќе бидат криминалци во политиката кои гледаат како да се одржат на власт уште десетина месеци.

— реклама —

- Моја лична порака до Димитар Ковачевски: Другпат пред да кажеш нешто, размисли. Тие околу тебе што те хранат со вакви досетки непромислени, мора да разберат дека имате одговорност и дека животот е реалност, а времето не се враќа назад, лошиот и неинтелигентен хумор зборувај си го со тие малкумина соработници кои ти велат, браво шефе убаво му кажа, веројатно се разбирате добро, но те молам остави го семејството надвор од сето ова не го мешај. Тие се многу поголеми од твојата глупост. Овде сме јас и ти… сами, гради во гради, не го заборавај тоа!, порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye9o3oaddi6abaR7BNMM

Мицкоски: Разговараме со „Рамбл“ и уште пет компании за дата-центри во Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски од Вашингтон побара вклучување на Бугарија во разговорите со ЕУ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryafk5ljb1f65hfBlgNbR

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Македонија | пред 2 дена

media-libraryrm286518aq0h6iGDt9d

Мицкоски: Македонија има сериозни слабости во сајбер-безбедноста, ќе градиме нов центар за податоци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања