Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски: Шилегов не може да се запамети по никаков проект, освен по онаа дупката на плоштад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
dupka-skopje-2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само Интервју“ на Канал 5 говорејќи за локалните избори кои претстојат истакна дека победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде голема, затоа што СДСМ во 4 години само ги уназади општините. Тој посочи дека во Град Скопје, Шилегов нема по што да биде запаметен освен по дупката на плоштад која не може да ја санира три недели.

— реклама —

- Ги видовме СДСМ, во овие 4-5 години не понудија ништо ново, напротив уназадија многу процеси, нивниот начин на понуда на изборите е само поткуп, уцени и закани и ништо друго. Што друго ќе кажат? По што ќе го запаметите Шилегов? Само по дупката која стои три недели несанирана на плоштад. На пример требаше да има зиплајн, ама не го гледаме, иако го ветуваа, потенцираше Мицкоски.

Во однос на понудата на ВМРО-ДПМНЕ тој истакна дека има повеќе десетици имиања коишто ги анкетираме, јавноста ќе биде изненадена од имиња кои се сериозни професионалци и кои ќе покажат нов вид на пристап во развојот на општините.

— реклама —

- Убеден сум во победа на локалните избори, кои се надевам дека ќе бидат заедно со предвремени парламентарни избори, не сме се откажале од ново парламентарно мнозинство,. Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде голема во однос на СДСМ, нагласи Мицкоски

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања