Мицкоски: СЈО го изгуби кредибилитетот за да ја добие нашата поддршка во иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
53636632_801435803552748_4142802978434187264_n

На средбата зборувавме за обезбедување на фер и демократски претседателски избори и за реформските закони од агендата за добивање на преговори за пристапување кон ЕУ, изјави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со премиерот Зоран Заев.

— реклама —

„Разменивме факти и аргументи од наша и од владина страна. Македонија мора да продолжи да се движи во вистинска насока. Република Македонија мора да стане достоинствено место за живеење за сите граѓани. Го пренесов и чувството кое постои помеѓу полистичките неистомисленици, дека имаме чусвтво на политички прогон. Главно, ова беше корисна средба за релаксирање на односите и за дефинирање на околностите за кредибилна претседателска трка на која убедени сме дека ќе победиме. Ги дадовме нашите забелешки за вештачките варботувања во државната администрација, во локалната и државната управа дека сето тоа не води во насока на рекласкирање на претседателаките избори, за трансфери од буџетот кои ненаменски се користат за промотивни активности. Ова не оди во правец на релаксирање на односите за кредибилен изборен циклус. Укажавме на неправилностите од референдумското изјаснување. Многу нешта во однос на првиот и вториот круг од претседателските избори зависат од Владата“, рече Мицкоски.

Исто така тој истакна дека тие имале голем број на забелешки во врска со предлог-законот за обвинителство.

— реклама —

„Во четвртокот го добивме предлог тектот на законот за јавното обивнителлство. Немавме можност да влеземе во супстратот, но според нас овој специјален јавен обвинител не може и не смее да ја добие довербата бидејќи не само што не ја оправдаа довербата на граѓаните, туку напротив во многу наврати сета таа доверба ја злоупотребија. Ние сме за отварање развговори во врска со содржината на законот и се договоривме од утрешниот ден па натаму да ги формираме тие работни гурпи, да отпочнат една дабата, да го прошириме опфатот, да отвориме нешто што овие граѓани ги фрустрираше изминатите години и да ги затвориме еднаш засекогаш“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања