Промени тема
Контакт

Анкета: Мицкоски со 20,4% доверба, Филипче со 3,8% – голема разлика и кај партиите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

ВМРО-ДПМНЕ има значителна предност пред СДСМ, а Христијан Мицкоски има повисока доверба од Венко Филипче, покажува најновата анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ во периодот од 11 до 27 септември, на примерок од 1.200 испитаници.

— реклама —

На прашањето за која политичка партија би гласале на следните избори, 19,3 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 5,6 отсто би гласале за СДСМ. ДУИ и ВЛЕН имаат идентична поддршка од 4,2 отсто.

Според резултатите, 41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да гласаат, не знаат дали ќе излезат на избори или не сакаат да одговорат на прашањето.

— реклама —

Меѓу испитаниците кои се определиле за одредена политичка партија, 4 отсто би гласале за Левица, а 1 отсто за ЗНАМ.

— реклама —

Разликата е забележителна и кај довербата во партиските лидери. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, има доверба од 20,4 отсто од испитаниците, додека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, има 3,8 отсто.

Дури 44,1 отсто од анкетираните изјавиле дека немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија, а 12,5 отсто не сакале да одговорат на ова прашање.

Довербата во Али Ахмети изнесува 3,7 отсто, во Димитар Апасиев 3,4 отсто, а во Изет Меџити 2,6 отсто. Според резултатите наведени во анкетата, лидерите на ВЛЕН – Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши – имаат предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Резултати од анкета: Во кој политичар најмногу веруваат Македонците, дали СДСМ треба да остане на власт

Македонија | пред 4 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања