Резултати од анкета: Во кој политичар најмногу веруваат Македонците, дали СДСМ треба да остане на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета за ставовите на граѓаните за нивната поддршка на политичките партии и политичарите, како и за одредени актуелни прашања во моментов.

— реклама —

На прашањето дали Владата, предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот на мандатот во 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори, 39,1 отсто се определиле за предвремени избори, 32,5 проценти сметаат дека треба да остане на власт, а 28,4 отсто одговориле со „не знам“.

— реклама —

Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, поради што сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал.

— реклама —

Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 21,2 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 16,2 за СДСМ, 7,2 за ДУИ, 3,8 отсто би гласале за Алијанса за Албанците, 2,9 отсто за Левица, 1,5 отсто за БЕСА и еден процент за Алтернатива.За ниту една партија не би гласале 17,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 16,1, а одговор немале 12,8 отсто.

На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 16, 2 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 8,7 отсто за Димитар Ковачевски, 6,4 отсто за Зоран Заев, 7,3 проценти за Али Ахмети. Од анкетираните 3,8 проценти имаат најголема доверба во Зијадин Села, 2,7 во Димитар Апасиев, 1,9 отсто во Билал Касами, еден отсто во Африм Гаши, а 1,4 проценти во Никола Груевски. Триесет и два отсто од анкетираните одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 15,4 отсто, а 3,2 проценти се изјасниле за друг.

Во врска со тоа дали со формирање на новата Влада се надминала политичката криза во земјава, 27,9 одговориле „да“, 47,4 „не“, а 24,7 „не знам“.

ИПИС напоменува дека заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, бил креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна била спроведена анкетата, а истражувањето било реализирано со користење на случаен примерок, кој бил стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во земјава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pari

СДСМ со решение: Наместо луксуз на власта – 600 евра плати за работниците и поддршка за компаниите!

Македонија | пред 30 минути

media-librarys6v37c3und5s6cg749Y

Филипче - Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

Македонија | пред 14 часа

media-library7idjh85vq4vc3y0pQnY

Филипче со решение за 600 евра плата: Помалку луксуз - поголеми плати за работниците

Македонија | пред 20 часа

media-libraryj0ca56edjhle7SQF15G

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓето што се закануваа дека ќе тепаат и убиваат сликани со Спасовски, протестираат ли по насока на СДС?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања