Промени тема
Контакт

Мицкоски со честитка по повод празникот католички Божиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Честитка по повод празникот католички Божиќ, од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

До: Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија

Дозволете во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ да им го честитам празникот рожденство Христово на сите христијани кои го прославуваат според грегоријанскиот календар.

Божиќ е најсветлиот празник за секој христијанин, затоа што симболиката на овој празник е во новото раѓање и надежта за подобра иднина. Празничната вест за раѓањето на Христос нека го исполни секој дом со радост, спокој и мир, а срцето на секој верник со љубов. Божиќ е семеен празник кој секогаш не потсетува на христијанските и цивилизациски вредности на хуманост и подадена рака кон своите ближни, но и на оние на кои тоа најмногу им треба. Тоа особено е важно сега во овие времиња на предизвици и премрежија кога како луѓе си требаме најмногу еден на друг, со збор или дело да си помогнеме. Вербата во Бога нека биде двигателот на секој од нас да живееме во духот на толеранцијата, взаемната почит и чесните дела. Тоа е начин на кој секој од нас, но и сите заедно ќе успееме да направиме подобра иднина за себе и своите деца.

— реклама —

Христос се роди!

— реклама —

Бог нека ве благослови.

Со почит,

— реклама —

проф. д-р Христијан Мицкоски

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања