Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Мицкоски со најава: Ќе протестираме и ќе им се случи народ ако корумпираните судии со изгласана недоверба не си дадат оставка, ќе бидам во првите редови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
07012025-Mickoski

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија најави дека ќе се случат протести ако корумпираните судии за кои беше изгласана недоверба во Собранието не си дадат оставки, а на тие протести тој ќе биде во првите редови.

„Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на улица и ќе протестира, народот е гладен и жеден за правда. Замислете имате кај граѓаните помала доверба од 2 или 3%, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Ќе им се случи народ, прв ќе застанам кој ќе го води народот, ветувам дека тоа ќе се случи.“, истакна премиерот Мицкоски,

— реклама —

За тоа кој ќе ги замени, премиерот Мицкоски нагласи дека ќе се разговара, но едно е сигурно дека нема да биде исто, нема да има вакви луѓе за кои има докази, затоа што како што рече, правда не може да има како сега со судии или обвинители или пак членови на Судски совет и Совет на јавни обвинители кои се од партиски штабови.

„Тука има луѓе за кои има докази кои се или како се. На крајот на денот ние сите овие процеси кои ги водиме, не ги водиме за да биде исто, немам причина за да биде исто, само со нови луѓе. Имаме извештај од Оценската мисија кој јасно дава насоки како да се движат реформите и истите ќе ги имплементираме. Ќе се држиме до извештајот, само нешто да смени, затоа што не оди вака, ако сакаме да имаме држава. Сакам да имаме држава и моите деца да растат во оваа држава и да основаат семејства во оваа држава, јас ќе се борам за таква држава.“

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања