Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски со постојани барања за избори се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-5

ВМРО-ДПМНЕ како и обично не работи ништо за граѓаните, нивните градоначалници се тешко разочарување, па затоа постојано сме сведоци на едни исти барања и предлози, вели СДСМ.

— реклама —

„Христијан Мицкоски знае дека граѓаните гледаат колку се неспособни неговите градоначалници, уплашен е од постојаниот пад на нивната поддршка па затоа со постојани барања за избори се обидува да го дефокусира вниманието на јавноста.

— реклама —

Ставот на СДСМ е јасен и за една изборна, и за укинување техничка влада, и за менување на изборен модел, тој став не е променет, тоа се прави со широк консенсуз на сите партии.

Додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, не работи ништо и зборува само за избори, ние како одговорна партија решаваме проблеми на граѓаните кои се соочени со глобална енергетска и здравствена криза.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат ниту еден предлог за енергетската криза, за тоа не зборуваат воопшто, затоа што не им се важни граѓаните, туку единствено личните интереси.

— реклама —

Избори ќе има во 2024 година, има време и за дебата и за консензус за сите прашања“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања