Промени тема
Контакт

Мицкоски со повик за гласање : Излезете и вие разочараните, и вие што до сега сте бојкотирале, на овие избори сите ние имаме заеднички противник, тоа е Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiGaziBaba

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот предизборен митинг во Свети Николе упати повик до разочараните гласачи и тие кои досега ги бојкотирале изборите процеси да излезат и да го дадат својот глас затоа што сите граѓани во Македонија имаат заеднички противник, а тоа е Зоран Заев.

Мицкоски до оние кои досега бојкотирале и не го давале гласот за ниедна партија им порачува да не дозволуваат да пропадне нивниот глас.

— реклама —

- Некогаш неодговорната власт не е само последица на лошите особини на челните луѓе и првенците на власта, туку и поради игнорирањето и незаинтересираноста на добрите луѓе да учествуваат во политиката, тоа се луѓето кои одбрале да молчат кога требало да бидат гласни, да викаат, изјави Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски ги повика да излезат за да се уверат дека не се сите исти, дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за подобра иднина и против криминалот на Зоран Заев, затоа што останувањето дома не вродува со плод.

— реклама —

- Излезете на овие избори, излезете во недела на 17 октомври и поддржете не, поддржете го бројот 7, гласајте се ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција, коалицијата со народот, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања