Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Тендерите и провизиите на власта и се поважни од човечките животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-6

Власта уште еднаш покажува дека се и е поважно, односно врвен приоритет им се провизиите и бизнисите, а вистината и откривањето на вистината што се случуваше во модулрната во Тетово е на дното на нивните приоритети и ќе сторат се да ја заобиколат вистината, мислејќи дека вистината ќе остане неслушната, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за трите тендери од 30 милиони евра кои Филипче ги потпиша со веледрогерии блиски до СДСМ и одбивањето да се формира анкетна комисија за модуларните болници.

Мицкоски истакна дека тоа се две работи кои една со друга се поврзани бидејќи гледаме дека тендерите се поважни отколку тоа што се случува во здравството и оној немил и трагичен настан кој се случи пред некоја недела во модуларната болница во Тетово.

— реклама —

- Го партизираат ова прашање во пресрет на локални избори кое кај мене дава чувство на згрозување, но тоа се тие луѓе кои 4 години функционираат како парламентарно мнозинство. Ние ќе продолжиме да инсистираме на формирање на анкетна комисија и откривање на вистината, а тие нека продолжат да трчаат по провизии на сметка на здравјето на граѓаните, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој потенцираше дека повторно ќе се испрати барање за формирање анкетна комисија затоа што треба да се знае зошто тоа се случи и да има одговорност, бидејќи 14 луѓе изгореа и тоа не треба да се повтори и дека тоа што се локални избори не е пречка да се закаже седницата.

— реклама —

- Доколку имаат сериозна намера имаат и сега време да свикаат седница, ова не се парламентарни, туку локални избори, можат да закажат и во среда и во четврток и немаат тие законска необврска да ја закажат. Ако сакаат и ако имаат намера треба да ја закажат седницата, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања