Мицкоски: Транзитот на гас низ Македонија е во корист на Европа - работиме на изградба на интерконектори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во своето обраќање на Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Лондон се осврна на енергетиката.

— реклама —

„Енергетиката е денес важно прашање во светот во услови на руска агресија на Украина. Да се зборува за енергетика во политиката е една работа, а кога се зборува за реализација на енергетски проекти од технички аспект е сосема друга. Да нагласам дека реализацијата на енергетските проекти бара време, не може само да замислиш и веднаш истото да се реализира. Мора да направиш план, да ја завршиш домашната работа и потоа да следи една декада до реализација“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека е неопходна регионална соработка на овој план, бидејќи сите земји од регионот и Европа треба да најдат алтернатива на рускиот гас и неговата злоупотреба за политичко влијание.

— реклама —

„Мора да ги консолидираме нашите планови и да работиме заедно, затоа што без разлика дали сме членови на ЕУ или кандидати за членство, ние мора да работиме заедно, затоа што сите ние сме поврзани. Ние сме мала земја, ние не сме голем конзумер на енергија, но сме значен дел затоа што сите транзитни договори низ Украина истекуваат до крајот на годината. Единственото решение ќе останат јужниот и турскиот поток што значи руски гас и Русија ќе го искористи тоа за политичко влијание. Затоа мора да најдеме начин како да го замениме рускиот гас со други извори“, кажа премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека Македонија забрзано работи на полето на енергетиката, се работи на изградба на интерконектори и целта е државата да има важна улога во идниот транзит на азербејџански, катарски, американски или друг извор на гас кон Европа.

„Ние можеме да бидеме значаен транзитен фактор. Ние ја забрзуваме изградбата на интерконектор со Грција и наскоро ќе почнеме со изградба на интерконектор со Србија. Со тоа и централно европските земји би имале подобар пристап до азербејџански, катарски, казахстански и гас од САД. Транзитот низ мојата земја е во корист на Европа. За таа цел ние имаме нов ресор во Владата, министерство за енергетика, рударство и минерални суровини кое ќе биде одговорно за ова прашање, бидејќи сакаме да бидеме значаен играч на ова поле“, рече Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

13032025-Mickoski-4

Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

Македонија | пред 10 месеци

mickoski18072024

Мицкоски од Велика Британија: Остварив повеќе средби со државници од регионот и соседството, главен приоритет на Владата е воспоставување на добрососедски односи

Македонија | пред 1 година

17072024_PERISNKI-2

Министерот Перински со градоначалниците од Пелагониски плански регион: Со зголемена динамика на работење и соодветна финансиска поддршка можеме да направиме видливи промени во развојот на општините и...

Македонија | пред 1 година

16072024_MICKOSKI

Мицкоски: Состојбите кои се наследени со Буџетот се алармантни, недостасуваат пари, ќе има истрага како е трошено, но ќе усвоиме ребаланс кој ќе ја стабилизира состојбата

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања