Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мицкоски: Состојбите кои се наследени со Буџетот се алармантни, недостасуваат пари, ќе има истрага како е трошено, но ќе усвоиме ребаланс кој ќе ја стабилизира состојбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
16072024_MICKOSKI

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител вели дека владината седница за ребаланс на Буџетот се уште не е завршена, укажувајќи дека состојбите кои се наследени се алармантни и катастрофални, но потенцираше дека ќе има истрага како и што е трошено.

— реклама —

„Има една катастрофална алармантна состојба која што ја оставиле, направиле Буџет за 6 месеци, како да кога го правеле Буџетот знаеле дека нема да бидат повеќе Влада, па се труделе што повеќе проблеми да и остават на новата Влада. Така што милијарда, милијарда денари останале непокриени, законски обврски кои што морале да ги направат не ги предвидувале во Буџетот итн. Но, мислам дека период кој што следи истражните органи ќе имаат многу работа“, дециден е тој.

— реклама —

На прашањето што значи тоа, премиерот Мицкоски рече:

„Па да ги истражуваат сите овие работи кои што се оставени како недостатоци и зошто се тие недостатоци. Еве на пример да ви кажам дека Национални шуми 4 месеци немаат земено плата вработените и се потребни околу 250 до 280 милиони денари. Водостопанство исто така нема земено плати, акутно се потребни од 60 до 100 милиони денари.“

— реклама —

Според премиерот Мицкоски ваквата состојба е поради лошото менаџирање од страна на претходната влада.

— реклама —

„И тоа е резултат од лошото менаџирање, а недостасуваат и 3 милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади се пари кои што треба да се платат по основ на казни поради тоа што некои од министрите дивееле и ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот, вработените тужеле и сега Буџетот треба да ги сервисира тие обврски затоа што некој дивеел“, додаде премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1d3icgrc2le44zvQH9x

Мицкоски: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани

Македонија | пред 1 ден

media-library0jvsmiaaimke1rc0pnX

Мицкоски не прифаќа безусловни уставни измени: Ако граѓаните мислат дека сум погрешил, ќе заминам од политиката

Македонија | пред 1 ден

media-libraryc89maqlrcq11fbueEbB

Мицкоски: Ќе ја зајакнеме соработката со Интерпол во борбата против криминалот

Македонија | пред 3 дена

media-libraryvk217dv738irbHcTy1y

Мицкоски до опозицијата: Седнете и договорете се, бланко ќе го поддржиме секој предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања