Промени тема
Контакт

Мицкоски: Турците во Македонија се главниот мост на пријателство на Турција и Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Дозволете во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ да го честитам на сите припадници на турската заедница во Македонија националниот празник на Турците во Република Македонија, 21-ви Декември Денот на настава на турски јазик, вели ливерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

„Денот кој денес се одбележува потсетува на важноста на негувањето на различностите и неопходноста од сочувување на јазичниот идентитет, како основа на идентитетот на еден човек, заедница или народ. Турците во Македонија, се истовремено главниот мост на пријателство на Турција и Македонија и македонскиот и турскиот народ, пријателство базирано на взаемна почит и разбирање.

— реклама —

Нашата заедничка обврска е да го да овозможиме подобро утре на сите кои живеат во Македонија, вклучително и Турците. Нашата обврска како генерација е да изградиме подобри врски, подобар живот и подобра иднина.

— реклама —

Заедно да се бориме против сиромаштијата, заедно да се бориме против корупцијата, заедно да сме сплотени во секоја криза, затоа што тие се јаремот на нашиот човек во Македонија, кој не дозволува напредок и успех.

— реклама —

Предизвиците пред кои сме исправени во новото време мораме заедно да ги надминуваме, затоа што тоа и го должиме на нашата заедничка татковина Македонија“, додаде Мицкоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања