Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски: Уставобранителите се чесни граѓани на оваа земја!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, генералниот секретар Ѓорѓија Сајковски, пратениците Ане Лашкоска, Владо Мисајловски, Бојан Стојаноски, дојде на протестите на кои се бара слобода за осудените лица за 27 април. Него го придружуваше и пратеничката Жаклина Пешевска која беше осомничена за упадот во Собрание, а потоа ослободена.

— реклама —

„Не смееме да премолчиме неправда, затворот на правдина е најтежок, а општеството не смее да дозволи импровизации. Даваме поддршка и бараме ослободување на уставобранителите, тие не се и не можат да бидат терористи. Тие се чесни граѓани на оваа земја“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Протестот од пред Влада продолжува пред Собранието, каде се упатуваат демонстрантите.

— реклама —

На протесто се извикува  „Никогаш северна, само Македонија“, „Македонија, Македонија“ и пеење на „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна протестот со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бараше и оставка на Владата со извикување „Оставка, оставка“.

„Слобода за македонските патриоти“, „Слобода за Горан Ангелов“, „Слобода за Игор Југ“ се само дел од транспарентите кои ги вејат присутните на протестот. Дел од нив ги носат македонското знаме и знамето од Вергина.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за „крвавиот четврток“, односно упадот во Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања