Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Уште во првиот круг ќе го поддржиме кандидатот за градоначалник на Тетово од Алијанса на Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-gashi

ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата со Алијанса и Алтернатива, ќе ги порази погрешните политики и криминалните политики, оние кои не нудат надеж, иднина, перспектива и план во Македонија за сите граѓани, за сите луѓе на следните локални избори, потоа очекуваме достоинствено да ги напуштат позициите во Владата и да отстапат место на луѓе коишто знаат како и коишто сите оние проблеми кои ќе ги остават позади себе нерешени, ќе се решат, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во Тетово ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека како што рече советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ќе освои рекорден број на советници во советот на Тетово, а нивната заедничка цел е пораз на криминалната коалиција на власт СДСМ-ДУИ.

— реклама —

Да уште во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот на коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива овде во Тетово, а советничката листа која што ќе ја имам ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да освои рекорден број на советници. Нашата цел заедно со коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива е онаму каде што уште во првиот круг ќе се подржиме да ги поразиме овие криминални политики на коалицијата на власта предводена од СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања