Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_5204

„Во текот на вчерашниот ден на владина седница формиравме тело, ја задолживме министерката за образование и наука заедно со ова тело, да излезе на терен да направи анализа на сите универзитети и факултети и државни и приватни. Онаму каде што ќе се констатираат недостатоци да им се даде разумен рок да истите, тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат ќе бидат затворени“, подвлече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање притоа објаснувајќи дека Владата планира реформи во високото образование и воспоставување на ред во установите.

— реклама —
— реклама —

Премиерот е дециден дека високо образовните установи во државата кои што имаат недостатоци ќе имаат разумен рок истите да ги отстранат. Доколку не ги отстранат недостатоците ваквите установи ќе се останат без акредитација и ќе немаат дозвола за работа.

— реклама —
— реклама —

„Ова јас го кажувам, најотворено. Зошто? Затоа што се срамам на две места каде што бев и во Вашингтон и во Лондон каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите, ми кажаа- од кај вас преку ден се добиваат дипломи. И ни прават проблем во нашите држави. Тоа не може да се случува повеќе. Тоа не може да се случува, посебно што јас доаѓам од високото образование. Не може дипломи преку ноќ да се добиваат. Тоа мора да се смени, ќе имаат разумен рок да ги отстранат недостатоците. Тие што нема да ги отстранат ќе мора да затворат. Да ја изгубат дозволата за работа, да ја изгубат лиценцата, акредитацијата.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryk854ssd064cmbGO9CVv

Рама тргна да кажува за Бугарите во македонскиот Устав, Мицкоски одма му порача: Тоа е внатрешно прашање

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

Од понеделник реконструкција на патот Делчево – Бугарија, најави Мицкоски

Македонија | пред 4 часа

media-librarytul06jfsl0ngaozfHTg

Мицкоски и Рама денеска ќе го промовираат системот „One Stop Shop“ на Ќафасан

Македонија | пред 6 часа

media-libraryhriocnviq91r78APkQk

Работна средба на Мицкоски со општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања