„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мицкоски: Владата на Заев не може да го достигне ниту растот кој самите го предвидуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека со владата на Заев економијата е само црна дупка, каде се богатат структури блиски до власта.

— реклама —

„Во јуни 2017-та година, Зоран Заев во експозето како нов премиер на Република Македонија, го потврди она што претходно го беа ветиле во нивната програма План за живот дека секоја година ќе обезбедат раст на економијата од 5 проценти. Вистинското потфрлање се случи уште првата година кога се забележа раст околу 0 проценти. За оваа година, согласно проекциите на буџетот кој самите го составуваа предвиделе дека економијата ќе расте со 3.2 проценти или вкупно БДП ќе изнесува 10.767.000.000€. Значи далеку помалку од ветените 5 проценти раст секоја година, ветени во програмата за живот и од самиот Зоран Заев. Но тоа што нема да расте економијата за 5 проценти не е вистинскиот проблем, туку тоа што економијата нема да ги достигне ниту тие 3.2 проценти раст кој самите си го зададоа. Имено со ребалансот на буџетот самите растот го спуштаат на 2.8 проценти, поточно на ниво од 10.724.000.000€, а грешката, односно потфрлањето е околу 43.000.000€. Значи Владата на Заев е до толку неспособна што не може да го оствари економскиот раст кој самите си го зададоа, па не 5% како што ветуваа, не 3.2% колку што самите предвидоа во буџетот, туку сега економијата ќе расте со минимални 2.8% колку што сега предвидуваат со ребалансот. Додека ММФ и Светска Банка потврдуваат дека растот нема да биде повисок од 2.5 % што е вистинска штета бидејќи регионалните економии растат со над 4 проценти. Со владата на Заев економијата е само црна дупка, каде се богатат структури блиски до власта, тие не можат да го достигнат ниту оној раст кој самите го предвидуваат. Црно време за граѓаните и црно време бизнисот во Македонија“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1112942455547879/

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања